Ѓорѓиев: Почнува концесионирањето во здравството

Од:

Владата оди чекор напред во реализација на проектот здравствена мрежа. Донесе одлука за доделување три концесии во областа на хирургијата, неврологијата и офталмологијата.

„Ќе се доделат концесии за вршење здравствени услуги од областа на хирургијата на секундарно ниво во Вардарскиот регион, за вршење здравствени услуги од областа на неврологијата на секундарно ниво во Пелагонискиот регион и за вршење здравствени услуги од областа на офталмолошката хирургија на ниво на Република Македонија“, информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

На ниво на Република Македонија има 13 установи кои имаат договор со Фондот за офталмолошка хирургија, од кои две во приватно здравство, а останатите во јавното здравство. На терциерно ниво е само Клиниката за офталмологија, а сите други се на секундарно ниво.

Со концесионирањето, како што рече Ѓорѓиев, се задоволуваат потребите на населението, се дава нов квалитет во вршењето на дејноста и се воспоставуваат еднакви критериуми за конкурентност меѓу јавното и приватното здравство, а со цел подобро здравство за граѓаните. Повод за почнување постапка за доделување на овие концесии, додаде, е тоа што направените анализи покажале дека постојните здравствени установи од овие области не ги задоволуваат потребите на населението на подрачјето за кое се доделува концесијата, или, пак, се недоволно согласно утврдениот број здравствени установи.

Постапката за концесија ќе почне до првата декада на август годинава, а може и порано. Ќе се спроведе со отворен повик, а минималниот број понудувачи треба да биде најмалку еден. Доделувањето на коцесијата ќе се спроведе во рок од 120 дена од денот на објавувањето.

Концесијата ќе се додели на најповолниот понудувач, кој ќе ги исполни условите и ќе понуди финансиски најповолна понуда, односно највисок месечен износ за надомест за концесијата или економски најповолна понуда, односно изведбените и функционалните барања кои вклучуваат квалитет, цена на работите и услугите, тековни трошоци, економска исплатливост во однос на трошоците.

Коцесијата ќе се додели  за период од 10 години, а треба да почне од 1 јануари 2013 година.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 отсто, инфлација 2,5 отсто

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски