Ѓорѓиев: Нема официјална потврда за убиството на Самарџиев

Од:

Владата се уште нема официјална потврда за наводната смрт на Александар Самарџиев, кој пред два дена бил претепан од неонацисти од Златна Зора во грција, информира портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

„Во моментот кога ќе има официјална потврда и став за сите информации, во истиот момент Владата ќе излезе со своја реакција по однос на сите информации и аспекти кои беа лиферувани во јавноста”, рече владиниот портпарол Ѓорѓиев, во недела на прес-конференција.

Сите дипломатски механизми се искористени, додаде владиниот портпарол, а преземени се сите потребни чекори и се очекува, по добивањето официјален став јавноста благовремено да биде информирана за ставот и реакциите на Владата.

„Згрозени сме од она што го слушнавме во текот на изминиот ден од пласираното во јавноста. Но, во овој момент се уште нема официјална потврда за тие информации”, рече Ѓорѓиев.

Тој упати апел сите совесно и одговорно да пристапуваат кон оваа тема затоа што, како што рече, е навистина чувствителна.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во Атина, повредени се најмалку четири лица

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата