Ѓорѓиев: Од март нови 5.000 пензионери бесплатно на бања

Од:

Најмалку 5.000 пензионери од март до ноември годинава ќе можат да го искористат правото за бесплатна бањско-климатска рекреација. За таа намена во Буџетот се одвоени 38 милиони денари.

Огласот, како што истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција, ќе биде објавен до крајот на месецов и ќе трае еден месец, период во кој може да аплицираат сите заинтересирани пензионери.

– Своевиден приоритет ќе имаат пензионерите кои во текот на својот работен век работеле во рудници и корисниците на инвалидска пензија со повисок степен на телесно оштетување.  Согласно програмата што веќе ја усвои Владата, пензионерите годинава ќе можат шест дена бесплатно да престојуваат во четири бањи – Катланово, Дебар, Гевгелија и Банско крај Струмица на база на полн пансион со три оброка. Покрај тоа, бесплатно ќе можат да ги користат бањите, здравствени прегледи, а бесплатен ќе биде и превозот до бањата и од бањата до местото на живеење, рече Ѓорѓиев.

Во изминатите четири години, нагласи, 27.430 пензионери ја користеле услугата за бесплатно бањско лекување. Услугата позитивно ја оцениле и пензионерите, но и туристичките работници.

– Тоа не мотивира и во идниот период да се спроведува овој проект континуирано, но и да се креираат нови проекти кои ќе водат кон обезбедување нови услуги за оваа категорија граѓани, рече Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите

Пензионерка остана без 17.000 евра – наседна на лажно ветување за заработка од криптовалути

А1он

Пензионирани лекари и сестри ќе можат да работат до 70-годишна возраст

Уставниот суд одби иницијатива за нерезидентни пензионери, запре постапка за Кривичниот законик

Горан Наумовски

МСП: Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел

Пензионерите кои се за линеарно зголемување на пензиите ќе протестираат во понеделник пред Уставниот суд