Ѓорѓиев: Новиот државен грб не значи трошок за граѓаните

Од:

Нацрт-законот за државен грб на Република Македонија којшто Владата го усвои вчера не предвидува граѓаните да мора веднаш да вадат нови лични документи кои би го содржеле новото решение на грбот, изјави за МИА владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Тој истакна дека граѓаните нема да имаат обврска веднаш да ги менуваат своите лични документи. Согласно нацрт-законот, актуелните лични карти и пасоши кои тие ги поседуваат во моментот, ќе продолжат да важат до рокот на нивната важност кој е впишан во документите.

– Нема да имаат обврска да вадат нови документи по усвојувањето на законот во Собрание, односно нема да имааат трошок. Доколку некој граѓанин сака самоиницијативно да извади лична карта или пасош, кои би го содржеле новиот грб, тоа ќе може да го направи, но ако нема таква желба, тогаш ќе продолжи да си ги користи личните документи кои во моментов ги поседува, а се со актуелниот грб, додека не им помине рокот на важност на документите, рече Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски