Ѓорѓиев: Македонија нема да биде вовлечена во надмудрувањата со Грција

Од:

Република Македонија нема да дозволи да биде вовлечена во какви било нецелисходни надмудрувања и дебати кои имаат за цел да ја дефокусираат јавноста од суштината на нашите односи, а тоа е неопходноста од изнаоѓање решение за деценискиот спор кој нашиот јужен сосед ни го наметнува, решение на спорот за името.

Ова е став на македонската влада кој го пренесе портпаролот Александар Ѓорѓиев, по повод поедини актуелности поврзани со македонско-грчките односи и по зачестените изјави на претставници на грчката држава.

„Ние на односите со Грција и на спорот кој Грција го наметна пристапуваме одговорно и посветено, за нас тоа е важно прашање кое треба да се реши за да се овозможи наша интеграција и реализација на стратешките определби и за да се подобри состојбата на граѓаните на секое ниво“, рече Ѓорѓиев.

Тој ја повика Грција на конструктивен однос и позитивно насочување на енергијата.

„Подготвени сме за дијалог, за разговор, за аргументација, за средби на секое нивио, директни и под покровителство на ОН се со цел унапредување на нашите односи и надминување на отворените прашања“, вели портпаролот на Владата на Република Македонија“.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма