Ѓорѓиев: Изградба на 24 нови и 120 реконструкции во 40 училишта

Од:

Над 11 милиони евра намени Владата на РМ за реконструкција и за изградба на нови објекти на основни и средни училишта низ Македонија. Градежните зафати ќе се одвиваат во фази, а целосно ќе завршат до крајот на оваа или најдоцна на крајот од првиот квартал во 2014 година.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев на прес-конференција истакна дека посветеноста на образованието и натаму е приоритет и затоа е подготвена, како што рече, сериозна, амбициозна и реална програма со силни инвестиции за образовната инфраструктура, што ќе резултира со настава во квалитетни услови и за учениците и за наставниот кадар.

– Владата на Република Македонија е силно фокусирана на инвестиции во образованието, кои  помагаат во модернизација на училиштата.  Со оваа програма ќе се подобрат условите за учење на над 50.000 ученици. Програмата е владина и во неа не се содржани инвестициите кои се реализираат од страна на локалната самоуправа, рече Ѓорѓиев.

Проектот предвидува изградба на 24 нови училишта од кои 14 модуларни и 10 изградби на т.н. големи основни или средни училишта.

Модуларните, кои имаат капацитет за сто деца, ќе се градат во  внатрешноста на Македонија, во средини во кои досега немало училиште. Тие ќе ослободат околу илјада ученици од обврската да патуваат по неколку километри за настава во друго населено место. За модуларните се планирани 1 милион евра.  Во 2012 беа изградени 11 училишта од ваков тип.

Зе десетте големи училишта и за три доградби на такви училишта се обезбедени над 4 милиони евра. Нови училишни објекти ќе има во Аеродром, Шуто Оризари, Струга, Вевчани, Боговиње, Ѓорче Петров, Сарај, Долнени.., а трите доградби ќе го зголемат за најмалку 40 отсто капацитетот за ученици.

За реконструкција се наменети нешто над 6 милиони евра. Опфатени се 40 училишта и вкупно 120 зафати. Тие ќе бидат различни, во зависност од потребата на училиштата (фасада, замена на прозорци, столарија, подови, покриви, системи за греење и санитарни јазли), но секое од предвидените 40 училишта ќе добие од три до четири реконструкции.

Ѓорѓиев соопшти дека е во тек постапката за шест реконструкции во вредност од 1 милион евра, во април ќе почне постапка за 16 реконструкции вредни 3 милиони евра, во јули ќе биде постапката за шест од 1 милион евра и од септември до ноември за останатите реконструкции во вредност од 1 милион евра.

Владата и Министерството за образование и наука ја подготвија Програмата за реконструкција и за изградба на нови училишни згради врз основа на опсежна анализа за состојбата на училиштата и од доставените пријави од локалните единици. Биле примени 130 пријави за потреба за градежни зафати и, како што соопшти Ѓорѓиев, можно е дополнување на овој проект и зголемување на опфатот на училиштата во кои ќе се интервенира.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска