Ѓорѓиев: Единствен интерес на криминалците и на Заев е како да приграбат што е можно повеќе пари за себе

Од:

Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите рече дека лагите на Заев за ангажманот на Мицкоски не може да го покријат најголемиот државен грабеж во моментов, реализиран од, како што рече, картелот на власт.

– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е еден од најкомпетентните експерти во областа на енергетиката и благодарение на неговиот ангажман постигнати се огромни резултати на ова поле, а граѓаните секојдневно не стравуваа од нови поскапувања. Сега ситуацијата е поинаква. Криминалци го советуваат Заев, а тој ги плаќа со пари на граѓаните. Единствен интерес и на криминалците и на Заев е како да приграбат што е можно повеќе пари за себе. СДСМ мора да одговори, дали и колку од грчките милиони исплатени за Кочо Анѓушев завршија во џебовите кај Заеви, а колку кај него? Дали скапо платените српски советници Башановиќ и Обрадовиќ го советуваа Заев да не постапи навремено и да дозволи да се прелеваат испустите во хидроакумулациите? Колкава е штетата од ваквата неодговорност? Дали скапо платените српски советници намерно предизвикаа штета и колку пари од ваквото несовесно работење на новото раководство на ЕЛЕМ завршија во џебовите на Заеви? Дали Башановиќ и Обрадовиќ го советуваа Заев да ја ангажира фирмата СВ Инвест во РЕК Битола, нејзините налепници да ги стави на камионите на Вице и да го прошири семејниот бизнис? Колку пари имаат ќар Зоран и Вице Заеви од ангажманот на струмичките камиони во РЕК Битола?, запраша Ѓорѓиев.

Тој рече дека криминалниот картел на власт, предводен од Заев секојдневно ја пустиши Македонија.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски