Ѓорѓевиќ: Куманово е град каде секој чекор води кон еднаквост

Од:

На Меѓународниот ден на белиот стап – кој е посветен на лицата со оштетен вид, Движењето ЗНАМ го презентираше делот од изборната програма за Куманово кој се однесува на инклузивноста и еднаквоста на сите, како и на обезбедување на услови за нормално живеење на сите лица со посебни потреби.

„Белиот стап не е само симбол на слепилото или оштетениот вид. Тој е симбол на слободата, самостојноста и борбата за достоинствен живот. Секој чекор што го правиме со белиот стап е чекор кон еднаквост, кон прифаќање и кон почит. Како човек со оштетен вид, секојдневно се соочувам со предизвици кои за некого се едноставни – премин на улица, читање документ, движење низ градот. Но, секој ден повторно избирам да не се откажам, затоа што животот ми покажа дека границите не постојат кога имаш волја, поддршка и верба“, изјави кандидатот за советник од редовите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Христијан Ѓорѓевиќ.

Тој нагласи дека е горд што е дел од едно општество кое се менува на подобро, дел од Куманово – град кој секој ден прави значајни чекори за да биде пристапен, инклузивен и праведен за сите. Град кој ја слуша секоја приказна и секој глас.

„Токму затоа сум дел од советничката листа на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија. Во нашата програма, активностите значајни за лицата со посебни потреби, како и инклузивноста во целост се посебен и многу значаен сегмент. Како советник ќе се борам Куманово да продолжи да се движи во вистинска насока и заедно да градиме поинклузивно и попристапно општество за сите“, нагласи Ѓорѓевиќ.

Кандидатот за советник ги нагласи и активностите што најпрво ќе се преземат во следниот мандат:
• Пристапни рампи
• Звучни семафори
• Тактилни патеки за лица со оштетен вид
• Пристапни веб страници и
• Пристапни општински објекти

Можеме, рече Ѓорѓевиќ, да создадеме средина каде децата со посебни потреби имаат ист старт како и сите други. Каде лицата со оштетен вид не се гледаат низ призмата на ограниченост, туку низ призмата на можностите, знаењето и талентот.

Белиот стап не е само алатка. Тој е продолжение на нашата верба, на нашата решителност и на нашата љубов кон животот. А, еднаквоста не е само збор, туку начин на живеење.

Би можело да ве интересира

Како што се договоривме така и постапивме како владина коалиција на овие избори, објаснуваат од ВРЕДИ

Минчев: Граѓаните го препознаа нашиот концепт на чесна, директна и народна политика

А1он

Димитриевски: Излезете масовно на гласање – Куманово заслужува континуитет, а не импровизација

А1он

ЗНАМ: Расте поддршката за Мирослав Лабудовиќ

Димитриевски најави нови паркинзи, зелени површини и детски катчиња на повеќе локации во Куманово

Димитриевски: Проблеми имало и ќе има, со посветена работа ќе ги решаваме без да застанеме

Горан Наумовски