Ѓорчев: Нема првачиња, празни училишта

Од:

Македонија никогаш во својата историја немала помалку првачиња, никогаш немала помалку ученици, никогаш немала помалку средношколци.

На Македонија и се случува и демографска и образовна и човечка катастрофа. Ни се затвораат училиштата, нема доволно првачиња, нема доволно часови за наставниците, има празни училишта, празни клупи и апокалипса која ни се случува пред нашите очи.

Со Димитар Ковачевски и неговите министри Македонија преживува егзодус кој буквално ги десеткува ги колабира училиштата низ Македонија и основните и средните. Маалата и улиците ни остануваат без деца.

Неколку бројки: Општина Велес во однос на минатата година има 49 помалку првачиња, рецесија од 10%. Општина Охрид има 94 помалку првачиња, тоа е рецесија од фрапантни 17% помалку првачиња за само една година. Општина Струга има 52 помалку првачиња, тоа е рецесија за само една година од 9%.

Општина Тетово има 200 помалку средношколци и 50 помалку основци кои се запишани во основно образование. Буквално демографска катастрофа. Општина Гостивар има само 50% пополнети места во основно и средно образование, тоа значи дека има празни училници, празни клупи и недоволно ученици.

Во Општина Струмица последниве години буквално е преполовен бројот на ученици. Ако во 2019 година се запишувале 750-800 ученици, сега оваа година таа бројка е значително помала. Имаме 4 училишта во 4 села кои немаат ниту едно прваче. Училиштето во Раборци, училиштето во Попчево, училиштето во Мемешли и училиштето во Габрово, тоа се 4 училишта немаат ниту едно единствено прваче.

Во 2017 година, годината кога се раѓаат денешните првачиња, родени се 21.700 деца, сега според овие тенденции според овие бројки коишто се комплетираат бројот на првачиња ќе биде можеби нешто под 18.000 првачиња.

Тоа значи дека само до нивната 6-та година, до наполнети 6 години сме изгубиле 15-20% деца коишто се иселиле и си заминале од Македонија сосе нивните родители. Тоа е пад од фрапантни 4 илјади деца од 0 до 6 години. Поделете го тоа на 20 деца по паралелка, значи дека само од 0 до 6 години од 2017 година и Зоран Заев со неговиот „Живот во Македонија“, сме изгубиле 200 паралелки.

Тоа се фрапантни бројки на демографското исчезнување, на демографскиот и иселеничкиот егзодус којшто ѝ се случува на Македонија, на економската катастрофа, на корупцијата која што секој ден ја гледаме, на фијаското, неспособноста и катастрофата на Димитар Ковачевски и неговите министри.

Нема учебници, нема лекови, нема основни работи, инфлацијата галопира, Македонија за жал од една пристојна држава, стана тотално неуспешна држава и најлоша на Балканот по сите критериуми.

Мора да го промениме тоа, мора да ја вратиме надежта во Македонија и затоа потребни ни се избори час поскоро, затоа потребна ни е нова влада и луѓе коишто со љубов, знаење, посветеност, жар, пасија ќе ја водат Македонија. Затоа што вака како што тргнало со овие некадарници и со овие неразбрани трговци Македонија нема да ја биде.

Прес-конференција на Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Би можело да ве интересира

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Митева: Битиќи ја злоупотребил својата позиција како вицепремиер бара од компаниите да гласаат за него наведувајќи го бројот на гласачкото ливче

ВМРО-ДПМНЕ: Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт

Горан Наумовски

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Стојаноска: Со платформата 1198 како идна влада ќе имаме широк дијалог со синдикатите и жестока борба со корупцијата

А1он