(ВИДЕО) Ѓорчев до Заев: Се излажавте, немате абер од инвестиции, Македонија стана егзодус за иселување на луѓето

Од:

Пратеникот Влатко Ѓорчев во Собранието се обрати до премиерот Зоран Заев.

„На 30 април во Шуто Оризари минатата година бевте со лидерите од ЕУ. Се вративте од Брисел кажавте отвараме поглавја, готово одиме во ЕУ, тоа значи пари, фондови, инвестиции. Се сликавте, правевте селфиња во авиони со Димитров. Да бидам умерен, не ја говорите вистината. Ништо нема од тоа, ни тогаш ни сега. Но, ќе дојде и декември ќе треба да се соочите со граѓаните, да дадете оставка. Но, нема да ја дадете знам, повторно ќе смислите нова лага. Ветувавте план за живот, патишта, фабрики, една шајка не заковавте. Се излажавте, немате абер од инвестиции, Македонија стана егзодус за иселување на луѓето, кои најдоа план за живот во Шведска, Канада, Германија.“, рече Ѓорчев.

Македонија имала кризи, воени, политички, едни избори, други, одложени, сме биле над 70 проценти, додаде тој.

„Заев да одиме со бројки. Имате најниски реализации на капитални инвестиции. За 2018 вие велите 65 проценти, на почеток кажавте 400 милиони, потрошивте 197 милиони. Тоа значи дека реализацијата е мизерни 49. Ако го тргнеме ребаслансот, тоа се бројки. Од почетокот за 5 месеци има само 13 проценти. Метеор да паднеше во Македонија немаше да биде толку малку.“, заклучи Ѓорчев.

На ова премиерот Заев одговори: Еве го декември ќе ги отвориме поглавјата, дај да се израдуваме. Ширите националистички политики, собирате поени. Билдате мускули, на овој начин, не карате со комшиите. Завршено е тоа, не ви поминува. Шест месеци блокирање, јадење ќотек, за да ја пуштите власта. Македонија конечно блеска, по вашето урнисување.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови