(ВИДЕО) Ѓорчев: Дали Нина Ангеловска исплаќа 200 евра плати на рака

Од:

Дали е точно дека Нина Ангеловска во нејзината фирма исплаќа 200 евра плата за ИТ инженери и дека плаќа на рака, праша пратеникот Влатко Ѓорчев, кој побара одговори од Ангеловска која се уште не е избрана за министерка. Тој го критикуваше предлогот на Зоран Заев за министерката за финансии и порача дека таа ќе биде дел од најлошата влада во историјата на Македонија.

Премиерот Заев негираше дека Ангеловска го правела тоа во нејзината фирма, а спикерот Џафери го искара Ѓорчев дека не го почитува кодексот за пратеници и дека се уште не е избрана за министерка, па му порача да почека прашањата да ги постави на седница за пратенички прашања.

Единствената пратеничка од опозициската ВМРО- ДПМНЕ, која го поздрави предлогот за новата министерка беше Даниела Рангелова. Таа го пофали премиерот Заев што одлучил да предложи жена на местото министерка за финансии, а Ангеловска дека има добра биографија.

На седницата за избор на новите министри за реплика се пријавија речиси сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и побараа оставка од Заев.

„Ми остави впечаток една реченица која и ја кажала нејзината мајка – „Нина треба да си ачик и да забележуваш се околу себе“. Се надевам дека сте ачик и дека забележавте дека економската состојба не е добра“, рече Рангелова.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова