Ѓоко Зајков од Украина: Од клубот ни најавија евакуација на странците

Од:

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Ѓоко Зајков кој е затекнат во Украина каде што настапува во Полтава во тимот на Ворскла вели дека странците од клубот добиле најави за евакуација до некоја од границите.

“Градот Полтава каде што се наоѓаме не беше цел на напад.Во овој момент сме безбедни. Од клубот има најава за странците кои сме тука да се организира превоз со мини бус и евентуално да бидеме спроведени до некоја граница. Но, мора да се создадат услови. Во моментот воздушниот простор е затворен, а нема ниту возови. Ги чекаме инструкциите од клубот. Во градот моментално работат само маркети и многу мал број на ресторани. Доколку има некои нови информации ќе се обидам да пренесам” – вели Зајков во изјава што ја пренеса ФФМ.

Украина од утрово е по воена напад од Русија.

Би можело да ве интересира

Захарова: Ги предупредивме балтичките земји, ако имаат барем малку разум, ќе послушаат

ВИДЕО: Жесток украински напад на Русија, половина милион домаќинства останаа без струја

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Русија ќе одговори ако Украина ја нападне од воздушниот простор на друга земја

Украински дронови се урнаа во Финска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води