Ѓилас за А1он: Будалаштина е што ме поврзуваат со случајот „Рекет“

Од:

Еден од најистакнатите лидери на српската опозиција и „Сојуз за Србија“, Драган Ѓилас, за А1он вели дека ќе поднесе тужба против српските медиуми кои го обвинуваат дека заедно со Вук Јеремиќ и Бошко Обрадовиќ зел неколку стотици илјади евра од „рекетот“ на Боки 13 за финансирање на протестите „1 од 5 милиони“ против владејачката СНС и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Јас не ги демантирам Курир, Информер, Ало, Пинк и останатите пропагандни гласила. Посебно не за вакви будалаштини. Само тужам, како што ќе биде и за ова“, вели Ѓилас за А1он.

Утрово во српски „Курир“ осамна текст со наслов „Кој се офајди од аферата „Рекет“ во кој се обвинуваат лидерите на „Сојуз за Србија“, Драган Ѓилас, Бошко Обрадовиќ и Вук Јеремиќ дека преку советникот на премиерот Зоран Заев, Зоран Башановиќ земале неколку стотици илјади евра за финансирање на протестите, а во неколку наврати и лично го посетиле Скопје.

Минатата недела во српските медиуми исто така излезе информација дека Бојан Јовановски е во емотивна врска со српски политичар, што наводно било потврдено при истрагата за случајот „Рекет“ кога во мобилниот телефон на Боки 13 наводно се пронајдени експлицитни фотографии, преписки и две видео снимки со политичарот.

Од обвинителство за А1он ја демантираа оваа информација, велат дека засега не се пронајдени никакви фотографии ниту пак видео записи на Боки 13 со српски политичар.

Минатата недела по барање на обвинителството, Кривичниот суд им го продолжи притворот на двајцата осомничени во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски- Боки 13 и Зоран Милевски Кичеец за нови 30 дена. Во Јавното обвинителство се уште трае истражната постапка за случајот „Рекет“. До сега беа сослушани обвинителите Лиле Стефанова, Бурим Рустеми и Елизабета Јосифовска, како и осомничениот Зоран Милевски Кичеец, а за утре е закажан распитот на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Би можело да ве интересира

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов