ГИЗ со донација до МВР за проектот „Спречување и борба против трговија со луѓе во Западен Балкан“

Од:

Националната координаторка на Министерството за внатрешни работи, Магдалена Несторовска денеска ја прими донацијата од ГИЗ (германско друштво за интернационална соработка) која беше обезбедена од проектот „Спречување и борба против трговија со луѓе во Западен Балкан“, кој е координиран од МАРРИ Регионалниот центар, како одговор на ситуацијата со КОВИД-19, информираат од МВР.

– Донацијата содржи маски КН95, хируршки маски, латекс ракавици, бесконтактни термометри, антисептички распрскувачи и средства за дезинфекција, заштитни очила, и истата ќе биде наменета за членовите на Нацоналната комисија, Националната единица за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Центарот за лица жртви на трговија со луѓе и сексуална експлоатација и Прифатно-транзитен центар Винојуг, соопштија од МВР.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он