Гимназијата „Корчагин“ со најдобри резултати на државната матура

Од:

Скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ и оваа, како и во изминатите четири години, е прворангирана на листата од 95 јавни средни училишта според постигнатиот успех на државната матура во 2012 година, со просечна оценка 4.08 на тестовите по екстерните предмети.

До петтото место на листата се гимназиите „Јосип Броз Тито“ од Битола (4.06), „Орце Николов“ од Скопје (4.03), „Мирче Ацев“ од Прилеп (3.89) и „Св. Климент Охридски“ од Охрид“ (3.88). На дното на листата се стручни училишта – на последното место е „Киро Бурназ“ од Куманово (1.65), а пред него „АТА“ од Центар Жупа (1.81) и скопските стручни „Димитар Влахов“ (1.84) и „8 Септември“ (1.97).

На листата на приватни средни училишта најдобро рангирано е Интернационалното средно училиште од Скопје, а со најслаб успех е приватното музичко училиште „Оксија“ од Штип.

„Најдобрите гимназии имаат подобар просечен резултат од минатата година, што покажува дека тие работат на подобрување на својот квалитет. Затоа јавно би сакал да им укажам благодарност на наставниците што им помогнаа на своите ученици успешно да ја положат државната матура“, рече министерот за образование и наука Панче Кралев на прес-конференција.

Весна Хорватовиќ, директор на Бирото за развој на образопванието, рече дека листата им е показател каде треба да се интервенира. – Ранг-листата е добар поттик за сите училишта да работат на подобрување на квалитетот, најдобврите да го задржат, а тие со послаб успех да напредуваат, рече Хорватовиќ.

На испитите на 9-ти и на 12 јуни биле оценети 36.719 тестови по сите екстерни предмети на државната матура. Биле доставени 419 приговори, а прифатени 119 или 0,3 отсто од вкупниот број оценети тестови, што не ја менува просечната оценка од 3.10 на постигнатиот успех на матурата оваа година.

Матурантите кои не ја положиле матуратата или дел од неа, може да се пријават во августовскиот рок, на 14 август за мајчин јазик и литература (македонски, албански или турски) и на 16 август (математика или странски јазик, т.е. естетика или филозофија за уметничките училишта). Положена државна матура е услов за упис на факултет.

Од идната година државната матура ќе се полага порано, зашто запишувањето на факултет се поместува во јуни наместо во август.

„Го разгледуваме календарот за следната година со цел да се спроведе успешна матура, да има доволно време Државниот испитен центар да ги прегледа резултатите и да овозможиме уписот на студии да биде пред почетокот на летото“, рече Кралев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура