Гимназијата „Дрита“ од Кичево ја почнува годината со три паралелки помалку

Од:

Намалувањето на бројот на учениците во основните училишта во Кичево, како последица на заминување на новите генерации на печалба, предизвикува и намалување на бројот на учениците во средните училишта.

Директорот на СОУ „Дрита“, Неби Билали, ја изрази својата загриженост од фактот дека бројот на учениците во нивното училиште секоја година се намалува.

„За разлика од минатата, оваа година во имаме три паралелки помалку. И овој факт е многу загрижувачки. Имаме проблеми со систематизирањето на професорите. Сето ова како последица на печалбарството“, вели Билали.

Во меѓувреме, овој феномен не е присутен во СОУ „Мирко Милески“ и не се гледа некое намалување на бројот на учениците.

„СОУ ‘Мирко Милески’ оваа учебна година има десет паралелки, од кои девет се на македонски, а една на турски јазик. Имаме регистрирано околу триста ученици, од кои пет паралелки во гимназија на македонски јазик, една паралелка на турски и четири други во стручните насоки на македонски јазик“, рече Благоја Стојковски, директор на СОУ „Мирко Милески“.

Fatlume Dervishi

Би можело да ве интересира

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски