Гевгелиски „Комуналец“ ќе испраќа опомени за неплатени сметки

Од:

Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија на 900 физички лица од општината, кои се уште ги немаат измирено своите обврски, со наредната септемвриска сметка на домашна адреса ќе им испрати и опомени за неплатени долгови.

– Сите корисници на услуги кои ги немаат измирено своите обврски заклучно со комуналната сметка за декември 2017 година,сметката за гробарина и за сите останати услуги, ги повикуваме долгот да си го платат најдоцна до 10 септември затоа што после овој рок на сите нив ќе им бидат поднесени предлози за издавање нотарски платен налог, велат од претпријатието.

Комуналците ги предупредуваат нередовните плаќачи до наведениот рок да ги измират неплатените сметки од причина што по истекот на рокот сметките ќе бидат оптоварени со дополнителни нотарски, адвокатски и трошоци за извршување.

Би можело да ве интересира

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on