Гевгелиски гимназијалци на обуката во Даблин

Од:

Гевгелиската гимназија „Јосиф Јосифовски“ доби грант од 70.000 евра преку Националната агенција за европска образовна програма и мобилност. Средствата ќе бидат наменети за реализација на проектот „Воведна обука за електронски бизнис“.

– Средствата ги добивме за обука на ученици од Гевгелија за водење на електронски бизнис. За таа цел 27 наши ученици од втора и трета година се подготвуваат да тргнат на пат за Република Ирска, каде што од 6 до 20 ноември ќе учествуваат на воведната обука за водење електронски бизнис која ќе се одржи во главниот град Даблин, изјави денеска директорот на гимназијата, Борче Нечевски.

Последната препрека за учество на гевгелиските гимназијалци на обуката во Даблин ја отсртани општинскиот Совет кој на последната седница едногласно ја усвои одлуката за измени и дополнувања на финансискиот план на СОУ „Јосиф Јосифовски“.

Би можело да ве интересира

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on