Гевгелиската библиотека ја одбележа годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Од:

Во општинската библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија, денеска свечено беше одбележана 141 година од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев.

По повод патрониот празник на библиотеката, ученици од основното училиште „Владо Кантарџиев“ изведоа пригоден рецитал посветен на животот и делото на Делчев.

Директорот на библиотеката, Драги Хаџи-Николов, на свеченоста им додели награди за најуспешните читатели во изминатата година, кои добија сет книги по избор на библиотеката.

Во категоријата основни училишта наградата му припадна на Борис Џотов, во категоријата средни училишта за најуспешен беше прогласен Горан Арнаудов, а кај возрасните читатели наградата и припадна на Весна Морарцалиева, вработена на граничниот премин Богородица.

Благодарници за несебично помагање на активностите на библиотеката им беа доделени на Општинското здружение на пензионери и на фондацијата „Аполонија“ од Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Двојното убиство во Гевгелија на братот и снаата е поради скршени плочки и оштетена ограда на терасата

Предраг Петровиќ

Мирчевски: Со години жителите на Гевгелија пијат загадена вода, полна со отровен арсен

Емир Латифовиќ

Евтина и брза продажба на државно земјиште во Гевгелија

Емир Латифовиќ

Гевгелиските дуќанџии на градскиот пазар бараат решение за нивна локација

Емир Латифовиќ

Општина Гевгелија со најмал број на невработени

Емир Латифовиќ