Гевгелија: Заштитни мерки заради елеминирање на опасноста од пожар

Од:

Во пресрет на зимската грејна сезона која во гевгелиско се уште не е во полн налет поради релативно високите дневни температури за овој период од годината денеска од Територијалната противпожарна единица во Гевгелија упатија известување до граѓаните за потребата од преземање заштитни мерки заради елеминирање на опасноста од пожар.

Особено при греење со дрва, јаглен и брикети пожарникарите апелираат до своите сограѓани да обрнат големо внимание на безбедното складирање и чување на огревниот материјал, да не користат запалливи течности при разгорување на огнот, редовно да ги чистат оџаците, односно два пати во сезоната и еднаш вонсезона, и доколку дојде до запалување оџаците да не ги гаснат со вода.

Пожарникарите ги советуваат гевгеличани да преземат заштитни мерки и при греење со течни горива почнувајќи од локацијата и резервоарот кои треба да бидат според пропишаните стандарди, па се до редовните прегледи и контроли на котлите за парно греење и доколку има потреба задолжително да бараат совет или помош од нив.

Би можело да ве интересира

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

38-годишен маж од Гевгелија е пронајден мртов во семејниот дом

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло