Гевгелија со донација од Европската Унија за управување со речните сливови ќе ги одржува зградите на училиштата

Од:

Одобрените средства од Европската Унија во износ од 11.826.000 денари наменети за проектот „Развој на механизми за одржливо управување со речните сливови како мерка за претпазливост против поројните феномени“ Гевгелија ќе ги употреби за одржување на зградите на основните училишта во општината.

Со одлука за проширување и пренамена на буџетот на општина Гевгелија за 2013 година, средствата се распоредени на програмите Г10 – Поддршка на локалниот економски развој и Н10

– Основно образование. Во програмата Г10, средствата се распоредени по следните намени: за патување во земјата (дневници и хранарина), канцелариски материјали, купување на информатичка и видеоопрема, други договорни услуги и 8,9 милиони денари за изградба на други објекти.

Во програмата Н10 пренамената се однесува на обезбедување финансиски средства на потставката за одржување згради во основното образование и тоа за Јавната и општинска установа „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија и „Ристо Шуклев“ од Негорци со вредност од 1.070.000 денари.

Со последната донација од ЕУ вкупниот буџет на општината се зголеми за 2,1 % од 544,5 милиони на 556,3 милиони денари. Советот на општината со мнозинството советници ја поддржаа одлуката за проширување и пренамена на буџетските ставки од програмата Локален економски развој во програмата основно образование.

Но, знае ли Европската Унија дека 17.400 евра од донацијата ќе бидат употребени од страна на Општина Гевгелија одржување згради, наместо за одржливо управување со речните сливови?

А.Д.

Би можело да ве интересира

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он