Гевгелија се вклучи во акцијата „Македонија без отпад“

Од:

Ученици, невладини организации, јавната општинска администрација и локалното комунално претпријатие во Гевгелија денеска се вклучија во спроведувањето на националната акција „Македонија без отпад“, која се организира на иницијатива на граѓанската организација „Ајде Македонија“.

Се чистеа училишните дворни површини, зелените појаси во градот, локалните излетнички места, а беа спроведени и неколку едукативни сесии во врска со рециклирањето на отпадните материи.

Најголемиот дел од вработените во општинските јавни институции што се вклучија во акцијата беа активно ангажирани на теренот на Вардарскиот рид, каде што се наоѓа истоименото археолошко наоѓалиште.

На другата страна од градот, на излетичкото место Динќут, педесетина учесници на проектот „Ден со природата“, кој го спроведува фондацијата „Аполонија“, заедно со членови на планинарското друштво „Кожув“, го расчистуваа околниот терен.

„Втор пат сме на теренот на Динќут во расчистување на отпадоците, кои, за жал, ги има многу, што зборува за несовесниот третман на посетителите кон природата и околниот простор“, вели Снежана Сарамандова од фондацијата „Аполонија“. „Пластични шишиња, ќеси, хартија, отпушоци, руинирани реквизити од детското катче, дури и оштетената планинарска куќичка, за жал, се дел од знаците за несовесниот третман на посетителите кон ова место“, вели таа. „Имавме иницијатива за уредување на Динќут со проектна апликација за средства од ИПА-програмата на Европската Унија, но годинава не најдовме соодветен партнер од грчка страна“, изјави Сарамандова од фондацијата „Аполонија“.

Вработените од Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ се вклучија во расчистување на депонијата кај населеното место Богородица, во бизина на пограничната зона со Грција.

Целта на вклученоста на граѓаните на Гевгелија во националната акција „Македонија без отпад“ е преземање одговорност за местото што го нарекуваме дома – нашите региони, нашата земја, нашиот свет. Прво, со одбележување и чистење на отпадот што е расфрлан низ природата, а потоа и со подлабоко внесување на секој поединец во проблемот зошто загадуваме толку многу, заради сопствен придонес кон здрава и чиста животна средина.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он