Гевгелија меѓу петте најтранспарентни општини

Од:

Општина Гевгелија е рангирана меѓу петте најтранспарентни општини за објавување на буџетски документи, покажуваат резултатите од завршениот проект „Отчетност преку граѓански ангажман“.

Службата за односи со јавност во општина Гевгелија денеска соопшти достапноста на буџетските документи била следена во периодот од декември 2016 до март годинава со цел да се утврди и унапреди степенот на транспарентност на буџетскиот процес и отчетноста при трошењето на јавните средства кај единиците на локалната самоуправа.

Покрај општина Гевгелија, меѓу петте најтранспарентни се општините Скопје, Куманово, Демир Хисар и Битола која е прворангирана.

Проектот е спроведен од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ со помош на Британската амбасада во Скопје.

Би можело да ве интересира

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

38-годишен маж од Гевгелија е пронајден мртов во семејниот дом

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло