Гевгелија ќе добие пластични контејнери за собирање стакло

Од:

Успешната соработка на општина Гевгелија со друштвото „Пакомак“ од Скопје на полето на селектирано собирање на комуналниот отпад ќе продолжи со донација од страна на „Пакомак“ на 20 зелени пластични контејнери за собирање стакло.

Контејнерите за собирање стакло ќе бидат во форма на игло куќички, со зафатнина од 1,5 метар кубен и од страна на јавното општинско претпријатие „Комуналец“ ќе бидат распоредени на неколку локации во градот.

Од општината велат дека со оваа донација всушност продолжува акцијата за селективно и рециклирано собирање на отпадот затоа што претходно во Гевгелија беа поставени контејнери за собирање на хартија, пластика и друг комунален оптпад.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно