Гевгелија издвои 3,6 милиони евра за капитални проекти

Од:

Општина Гевгелија во изминатите четири години вложила повеќе од 3,6 милиони евра сопствени средства во изградба на капитални проекти со кои значително се подобрени инфраструктурата и услугите кон граѓаните, соопштија денеска од информативната служба на општина Гевгелија.

– Најголемиот дел од средствата наменети за реализација на овие проекти беа обезбедени од општинската каса. Од нив по 1,3 милиони евра беа инвестирани во новиот пазар и патната инфраструктура на граничниот премин „Богородица“, повеќе од половина милион евра беа потрошени за пробивање на Западниот булевар и уште половина милион евра беа инвестирани во новата автобуска станица и изградбата на заштитниот канал „Рауљ“, велат од секторот за односи со јавноста.

Согласно потпишаните договри, до крајот на оваа година треба да бидат предадени во употреба пречистителната станица и новиот водоснабдителен систем, проекти кои заедно тежат 11,4 милиони евра. Покрај ова веќе почна изградбата на „Конска брана“, а во тек е и тендерот за изградба на времената санитарна депонија за комунален отпад.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно