Гевгелија доби покриен градски пазар

Од:

Градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов денеска свечено го предаде во употреба новиот покриен градски пазар, задоволен што Гевгелија конечно добила нов модерен пазар.

– Моето задоволство е уште поголемо бидејќи наспроти бројните сомневања и шпекулации дека овој капитален проект нема да ја дочека светлината на денот, сепак денес сме сведоци дека гевгеличани и бројните гости можат да пазаруваат во новиот пазар, рече Франгов, додавајќи дека граѓаните на Гевгелија тоа го заслужија, а општината ја исполни обврската ним и на жители од другите градови и од соседните земји да им обезбеди и понуди подобри услови за пазарување.

Покриениот дел од новиот градски пазар зафаќа површина од 5.888 метри квадратни, поделен е во три блока и опремен со тоалети, чешми, пристапни патеки, отворен паркинг-простор и контејнери за ѓубре. За неговата изградба од општинскиот буџет беа потрошени 79 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Најстудено утрово на Попова Шапка со -3 степени, најтопло во Гевгелија 10

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија

Гевгелиски банкар од двајца клиенти украде пет милиони денари и над 63.000 евра

Горан Наумовски

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци