Гевгеличанец тешко повреден на патот Градско-Неготино

Од:

На регионалниот пат Градско – Неготино вчера околу 15 часот, патничко со возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот И.Ѓ.од Гевгелија, излетало од патот и удрило во земјен канал.

Како што информираат од СВР Велес, при несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување лекарска помош.

Увид извршила екипа од СВР Велес.

По укажаната помош во велешката болница поради голем број на скршеници по телото тој во тешка состојба, но надвор од животна опасност бил пренесен на Клиниката Карил во Скопје, информира за МИА,Весна Неделковска Николова портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес.

– Повредениот се здобил со сериски фрактури на повеќе ребра,фрактура на карлица двете потколеници и на левото стапало и затоа со наше возило за Итна помош го транспортиравме за понатамошно лекување на Клиниката Карил во Скопје, појасни Неделковска Николова.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени