Герт Аренс шеф на набљудувачите на ОДИХР за локалните избори

Од:

Германецот Герт Аренс ќе биде на чело на набљудувачката мисија на ОДИХР, кој ќе биде одговорен за проценка на регуларноста на локалните избори во месец, а својата мисија во Скопје ќе ја претстави во понеделник, пишува „Утрински весник“.

Аренс е познато име во Македонија и е еден од меѓународните експерти кои продефилираа низ земјава пред воениот конфликт во 2001 година.

Аренс ќе предводи мисија од 320 краткорочни и долгорочни набљудувачи во Скопје, наспроти вкупно 288, што на последните избори во 2011 година беа во земјава, и тоа од сите меѓународни организации, а не само од ОДИХР.

Аренс беше специјален пратеник на претседателството на ОБСЕ во нашата земја во 1999 година, а во својата кариера ги има запишано набљудувањата на изборите во Украина, Белорусија, Азербејџан, Грузија, Србија, Ерменија, Исланд и Норвешка.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар