Героски поднесе оставка од уредничката позиција на „Слободен печат“

Од:

Бранко Героски утрово поднесе оставка на позицијата главен и одговорен уредник на „Слободен печат“.

„Мојата улога во покренувањето и во водењето на весникот во овие тешки и преломни пет ипол години, е значајна и затоа, без лажна скромност, во морална смисла, се сметам за негов соосновач. Како што знаете, во почетокот, се потрудив да конституирам значајна финансиска поддршка за компанијата, во првата и најтешка година од излегувањето на весникот. Еден подолг период, сѐ до моето вработување во компанијата на 9 февруари 2017 година, весникот го водев како единствен хонорарен главен уредник, за минимален месечен хонорар, придонесувајќи и на тој начин за намалување на трошоците во работењето и за успех на проектот“, пишува Героски во оставката.

„Сепак, за жал, во текот на еден подолг период, јас, сопствениците и менаџерите на „Слободен печат“ различно гледаме на прашањето на уредувачката политика, на потребата на кој начин еден слободарски весник треба да негува критички однос кон властите во насока на засилени заложби за добро и одговорно владеење. Со мојата упорност и настојчивост, кои често погрешно беа толкувани како тврдоглавост, егоцентричност и дури и неодговорност, јас сепак успеав во сиов овој период да ја одржам автономијата на уредувачката политика, како една од клучните вредности на нашиот весник. Но, во многубројните разговори што ги водев со менаџментот на компанијата, од ден на ден стануваше јасно дека нашите разлики се ближат до степен на непремостливост во овој момент“, додава Геровски.

Тој го покрена и го водеше „Слободен печат“ пет ипол години.

Би можело да ве интересира

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество