Германското Министерство за надворешни работи ги предупреди германските граѓани да бидат внимателни кога патуваат во Северна Македонија поради закани за бомби.
На германските граѓани им се препорачува да останат информирани за моменталната ситуација преку доверливи локални и социјални медиуми и да ги следат препораките на локалните власти и безбедносните сили.
„Во главниот град Скопје неодамна беа регистрирани закани со бомби врз јавни институции и објекти. Првично тие беа насочени кон училишта и владини згради, но сега на мета се и хотели и други невладини институции. На Меѓународниот аеродром во Скопје беше неопходна евакуација, а сообраќајот мораше привремено да биде прекинат“, се вели во информацијата од германското Министерство за надворешни работи, објави Б92.
Анонимните пораки за поставени бомби во Македонија најпрво почнаа да пристигнуваат на 26 октомври до основните и средните училишта, а во последните денови до трговските и деловните центри, државните институции, спортските здруженија и спортски сали и хотелите.