Амбасадорот на Обединетото Кралство во Земјава, Чарлс Герет на својот Фејсбук профил реагираше за псоледните слчувања на релација Специјално јавно обвинителство-Управа за безбедност и контраразузнавање.
– Како одговор на прашањата од медиумите за развојот на последните случувања би кажал дека јас немам намера да коментирам за деталите од истрагата. Но, јас ќе истакнам колку е важна работата на Специјалното обвинителство. Тие се задолжени со тешка работа, да ги истражат наводите од прислушуваните материјали и да утврдат дали и каде треба да реагираат. СЈО беше договорено од страна на сите четири лидери на главните политички партии и едногласно го поддржаа во парламентот. Значи, никој не треба да застане на патот на оваа важна работа – затоа што, се додека овие тврдења не се истражат соодветно, нема да биде одржливо решавањето на политичката криза.