Герберих: Нема никакво сомневање дека местото на Северна Македонија е во ЕУ

Од:

По добивањето на јасната препорака за отворањето на преговорите со ЕУ во рамките на извештајот за постигнат напредок од страна Европската комисија од вас очекуваме јасна политичка перспектива за Северна Македонија од причини што државата има покажано и создадено вистинска успешна приказна во Западниот Балкан. Советот до октомври ја одложи одлуката, наспроти тоа, сепак сум сигурен дека ќе има конечна одлука да се започнат преговорите согласно препораката на Европската комисија оваа година, истакна денеска германскиот амбасадор Томас Норберт Герберих.

Тој рече дека прашањето не е дали, туку кога ќе се случи тоа, и оти нема никакво сомневање дека местото на Република Северна Македонија е во ЕУ.

– Во изминативе неколку години Владата и премиерот Зоран Заев постигнаа импресивни резултати. Северна Македонија во моментов е единствената држава на Западниот Балкан која нема никакви проблеми со своите соседи, направи голема разлика од историска димензија преку потпишување на Преспанскиот договор и освен успехот постигнат во надворешната политика важни закони се усвоени од страна на Парламентот, вклучувајќи и гласови од опозицијата, посочи Герберих во обраќањето на националната конференција „Никој не е изоставен во процесот на ЕУ интеграции“, што се одржа во Владата.

Осврнувајќи се на темата на денешната конференција „Никој не е изоставен од процеост на ЕУ интеграции“, рече дека тоа значи дека треба длабоко да се влезе во реформите за да може да им се дадат опипливи резултати на сите граѓани, во сите процеси, членовите на сите делови од општеството верски и етнички групи мора заедно да работат за да ги надминат разликите и поделбите во општеството.

– Мораме целосно да се фокусираме на реформскиот процес кој нуди можности и најдобри животни услови за секого. Овој дух треба да го инспирира не само целото општество, туку и целиот регион да се приближи, а тоа бара многу храброст и интезивен дијалог. Како важен партнер Германија веќе 25 години ја поддржува Република Северна Македонија на овој пат, како кредибилен партнер особено преку напорите на Министерството за економија, соработката и преку проекти кои се спроведуваат, додаде Герберих.

Би можело да ве интересира

Филипче: Кочовска го покажа вистинското лице на ДПМНЕ – тие се арогантни, нетолерантни и агресивни

ВЛЕН: Наместо прослава за децата, отворањето на градинката се претвори во партиски собир

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Сиљановска Давкова: Европските лидери да пронајдат креативно решение за нас како за сите држави со почитување на идентитетот

За 25 годишнината од Клиника Жан Митрев – 25 илјади нови садници: Потпишан е Меморандум за соработка со ЈП Национални шуми

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица