(ВИДЕО) Герасимовски: Ако има политичка волја, ќе има и попис

Од:

Можностите за спроведување на попис постојат, па не можеме ние да бидеме исклучок во светот. Доколку постoи политичка волја, тоа е основниот проблем кај нас, затоа што пописот не е попис само за собирање етнички карактеристики, кој на што припаѓа, дали сме вакви или такви, вели Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистика во интервју за Радио Слободна Европа.

На прашањето, можни ли се поинакви рецепти за спроведување на попис, нов компјутерски софтвер, како што спомна премиерот, Герасимовски истакнува дека тој систем е тешко остварлив кај нас.

– Меѓутоа, доколку во институциите во системот, а тоа е единствено преку МВР со биометриските пасоши и лични карти од таму да црпат податоци, како и за Избирачкиот список, за да може нешто да се прави. Но вие не можете да приберете колку домаќинствата имаат добиток, колку имаат земјоделска површина во сопственост, преку софтвер тоа сигурно не се собира. И не се работи за едно мало подрачје, се работи за територија на цела држава. Од тоа произлегува дека ние во овој момент такви софтвери и регистри не можеме да користиме. За жал, ние иако во државата имаме донесено закон за регистер на население, колку функционира или не, тоа е едно прашање за кое јас честопати користам една изрека дека не функционираат институциите во системот. Вие како ќе правите попис, ако немате регулирано влезна и излезна состојба во земјата, со кој софтвер – прашува Герасимовски.

Тој вели дека оваа година и наредната ќе почнат подготовки за пописот што треба да се спроведе во 2020,затоа што според препораките на ОН, пописите се спроведуваат во годините што завршуваат на 0 и на 1.Според проценките на Герасимовски, годинава нема никакви шанси да се спроведе попис во Македонија.

– Пописот се спрема најмалку 3 до 4 години, толку траат подготовките на една земја. Ние нешто сме подготвиле, тоа треба да се најде. Најмалку би ни требало една година, затоа што во законските определби стои, не само темелни подготовки кои траат подолг временски период, туку е битна и суштината дека шест месеци пред и шест месеци по пописот не треба да се прават никакви територијални измени. Значи врзани сме со одредени други законски процедури кои имаат силно влијание не само врз спроведувањето на пописот, туку и дистрибуција на податоци на разни нивоа кои се потребни. Од тука произлегува дека нив во текот на оваа година нема никаква можност за спроведување на попис, бидејќи подготовките се доста обемни, сложени и стручни – додава тој и истакнува дека сепак, кај нас постојат можности за спроведување на попис.

Герасимовски посочува дека кај нас основниот проблем за спроведување на оваа статистичка операција е прашањето дали постoи политичка волја.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Претходната влада донесе одлука да ја избрише методологијата на пописот

ВЛЕН: Ќе ги тужиме Државниот завод за статистика и раководни лица во врвот на поранешната Влада за пописот

Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка, вели премиерот Мицкоски

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија го поддржува предлогот на премиерот Мицкоски за електронски попис на населението

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски