Георгиевски: ВМРО-ДПМНЕ не го интересира идниот развој на општина Гази Баба

Од:

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ на минатата и на денешната седница без никаква причина не ги изгласаа деталните урбанистички планови за компаниите „Алкалоид“ и „Пивара“ и за индустриската зона што се наоѓа на улицата „Перо Наков“. Ова на денешната прес-конференција го соопшти градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски.

– Ова е директна порака на ВМРО-ДПМНЕ дека не ги интересира идниот развој на Гази Баба, капиталните инвестиции и севкупниот развој на опшштината, рече Георгиевски.

Советничката група по налог на нивното партиско раководство, како што рече, има задача секоја одлука во насока на развој и подобрување на животот во општината, да ја стопира и закочи.

– Досега имаа можност 20 години да ја водат општината. Доволно време за да реализираат голем број проекти кои би ја развиле општина. Наместо тоа, затекнавме целосно уназадена општина со долгови, недонесени урбанистички планови и голем број проблеми. Тоа се само дел од причините што денес ја немате поддршката од граѓаните на Гази Баба. Сега кога тие проблеми се решаваат, наместо да вршат блокади, чесно би било и советниците од ВМРО-ДПМНЕ да дадат свој придонес, рече Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ова се избори кога триковите и измамите на нашите противници мора да бидат поразени

Стефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња, и два адреналински паркови во Гази Баба

(ВИДЕО) Митовски: За 30 дена ќе ставам крај на депониите и хаосот со сметот во Гази Баба

Голем пожар во Парк шумата Гази Баба блиску до Природно математичкиот факултет

Горан Наумовски

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица