Георгиевски: Ваков школски пример на кичерај како „Скопје 2014“ нема никаде

Од:

На митингот во Скопје, лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски ги повика сите на 24 март масовно да излезат и да ги подржат кандидатите за градоначалници во Скопје и цела Македонија.

„Сега е денот сите вие да го дадете гласот ако ви е тешко. После 24.март, ако не гласате, се ќе биде џабе. На овие локални избори не гласаме само за градоначалници, туку упатуваме порака-Доста ни е од оваа власт. На 24.март, вие давате глас и за нови парламентарни избори во Република Македонија. Ваков школски пример на кичерај нема никаде.

На десет дена прават нови задолжувања. Немојте да зборавите, никогаш пред доаѓањето на оваа Влада немало задолжувања за да даде пензии и плати. Македонија идната недела може да банкнотира ако банките повеќе не купуваат обврзници“, рече Георгиевски.

Праша, ако некој се спрема да бега од Македонија, зошто треба да гласа за оваа Влада. Потсети на паѓањето на наталитетот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија