Георгиевски: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат работата на советот на Гази Баба

Од:

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски денеска на прес-конференција изјави дека советниците од ВМРО-ДПМНЕ вршат опструкции кои одат на штета на граѓаните.

– Иако веќе е донесен буџетот на општината за 2018 година, за кои и советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа ЗА, каде во развојниот дел на буџетот за периодот 2018 – 2020 година го предвидовме проектот за изградба на систем за одводнување и пречистување на отпадни води за населеното место Јурумлери. Овој проект опфаќа изградба на пречистителна станица со мониторинг и команден пулт, вакум пумпи и примарна фекална мрежа во должина од 4 километри до крајот на 2018 година кои се во прва фаза, а во втората фаза предвидуваме и комплетно решавање на секундарната мрежа од фекалната канализација. Со оваа мерка сакавме да допринесеме за заштита на животната средина и здравјето на жителите од населеното место Јурумлери, но за жал советниците на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ измислија причина и гласаа воздржано со цел да ја блокираат работата на советот на Гази Баба, рече Георгиевски.

Тој додаде дека нивната грижа за финансиската состојба на општината е лажна и дека тие како партија оставиле милионски неплатени обврски.

– Да ги потсетиме граѓаните дека уште во 2016 година советот на општината веќе беше во официјални преговори за да ја обезбеди оваа сума како заем за реализација на овој проект, за која веќе и аплицирала претходно општината. Проектот предвидува комплетно решавање на инфраструктурата и конечно решавање на проблемот со подземните води, големиот број на септички јами кои се голема еколошка опасност на земјоделските површини во реонот. Порачуваме дека блокадите од било која причина од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ нема да не сопрат во намерата да ги решиме основните егзестенционални животни права, рече Георгиевски.

Градоначалникот додаде дека промените во Гази Баба се случија со и без советниците на ВМРО-ДПМНЕ и дека Гази Баба ќе биде нова и модерна општина.

– Како Јурумлери така и населените места Ергеле, Трубарево, Гоце Делчев, Идризово и Дрма ќе добијат канализациона мрежа. Блокадите од нивна страна нема да дозволиме да се на штета на граѓаните. Единствена штета ќе имаат ВМРО-ДПМНЕ затоа што граѓаните препознаваат вистински намери за решавање на нивните проблеми, а не опструкции и измислени проблеми за да не се изгласа било кој капитален проект. Јавно ги прашувам советниците на ВМРО-ДПМНЕ дали треба канализациона мрежа во Јурумлери? Зошто они не ја поддржаа оваа одлука? Одговорите на овие прашања советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да им ги дадат на жителите од населеното место Јурумлери, рече Георгиевски.

Би можело да ве интересира

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал 11 куршуми кон познаник и кон неговата сопруга

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он

Левица: Стефковски ги остави учениците во Гази Баба без бесплатен превоз

Го киднапирале и силувале за долг од 150 евра – кривична за двајца скопјани

Анита Петровска Рајковиќ

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати