Љубчо Георгиевски на митингот на “Коалицијата за промени и правда“ во Кичево посочи дека денес со партијата ВМРО-ДПМНЕ управуваат сдсмовци.
-Пред да дојдеме овде поминавме во Гостивар и непланирано одевме надолу по улицата, а од другата страна друга група луѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Она што ме изнанеади, гледам на плакатите имаат сина боја ама не знаев дека од ВМРО-ДПМНЕ носат и сини шалчиња. И се разминавме, ние во црвено, тие во сино, си велиме тоа е вистинската боја на нивната иделогија, толку многу сдсмовци управуваат денеска со ВМРО-ДПМНЕ што тоа е вистинската боја за нив, рече Георгиевски на митингот во Кичево.