Георгиевски: На овие избори на македонскиот граѓанин му треба демократија

Од:

Љубчо Георгиевски,  носител на кандидатската листа на коалицијата „ВМРО за Македонија“ во четвртата изборна единица денеска истакна дека на овие избори на македонскиот граѓанин му треба битката за демократија, која може да ја обезбеди третата опција.

– Јасно е дека ние ќе бидеме трета политичка сила во Македонија и тоа за граѓаните треба да е гаранција за многу процеси во државата. На Македонија, како никогаш досега и е потребен трет блок, здружената десница преку коалицијата „ВМРО за Македонија“ како баланс на политичките сили. Очекуваме освојување на 15 до 25 пратеници за да може да наметнеме политика во кој правец треба да оди Македонија, рече Георгиевски во Прилеп. 

Двете големи политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, нудат кандидати за премиери кои се под истрага и тоа не е стабилност за Македонија. Тој смета дека затоа е потребен баланс на силите.

– Со балансот на силите нема да се спроведуваат промашени проекти. На овие избори на македонскиот граѓанин му треба битката за демократија, а тоа може да го обезбеди третата опција, коалицијата „ВМРО за Македонија“, изјави Георгиевски. Додаде дека силата е во неопределените граѓани.

Би можело да ве интересира

ВМРО за Македонија: И во Македонски Брод работат само часовниците…

Емир Латифовиќ

Ден Дончев: Нема казнувања на малите фирми – ќе го уништиме големиот криминал кој секогаш е во врхушката на власта

(ВИДЕО) Бошкоски: Какви анкети, ќе имаме 15 пратеници

Емир Латифовиќ

Митинг на ВМРО за Македонија во Струмица

Емир Латифовиќ

Георгиевски: Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ќе биде најголемо изненадување во Струга

Георгиевски: Сината им стои, многу сдсмовци денес управуваат со ВМРО-ДПМНЕ

Емир Латифовиќ