Георгиевски: Да му ја вратиме украдената победа на Аце Коцевски од пред четири години

Од:

Тука сум од името на ВМРО-НП, од изворното ВМРО, да ве повикам да гласаме за Аце Коцевски, за бројот 42, рече Љубчо георгиевски на митингот на опозицијата во Велес и повика на масовно излегување на изборите, на кои рече, не се гласа само за локалниот градоначалник и за локалната листа на советници.

Со самиот факт дека не го кандидираат истиот градоначалник порачуваат дека во Велес ја промашиле политиката, рече лидерот на ВМРО-НП, Љубчо георгиевски.

Украдената победа на Аце Коцевски пред 4 години да му ја вратиме сега сите заедно. Меѓутоа не смееме да заборавиме дека на овие локални избори ние гласаме и за Македонија, за она што сметаме дека го прави актулената власт во Македонија. Ако две години наназад плачеме колку ни е лошо и колку ни е тешко, тогаш на 24. ние го даваме и гласот што сметаме како се управува Македонија. Ние треба да избереме меѓу виртулената Македонинја каде сите се смеат и се радосни и онаа што ние ја живееме. На тие реклами секој ден вработуваат по неколку илјади работници, ама секој ден околу вас има отпуштени работници. Тоа го има само на видео спотовите. Оставете ги рекламите каде земјоделците секој ден земаат субвенции и не знаат што да прават со парите, и погледнете ги земјоделците кои никогаш потешко не живееле, посочи Георгиевски.

Георгиевски посочи дека според Светската банка 21 процент од населението не е во Македонија и праша зашто ако се луѓето среќни како што посочува власта, бегаат од земјата во странство. Тој кажа дека 500 милиони евра се потрошени од владата за Скопје 2014, и праша дали не можеше да одвои пари за источна Македонија каде ситуацијата е лоша и да се подобри животот на луѓето.

Сакаме парламентарни избори, рече Георгиевски.

Би можело да ве интересира

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД