Георгиевски: Целта на нашата коалиција е да освоиме меѓу 15 и 25 пратеници

Од:

Коалицијата ВМРО за Македонија вечерва одржа митинг во Кочани на кој беше претставена програмата на коалицијата и носителот во третата изборна единица, Стојанче Ангелов.

Осврнувајќи се на програмата во делот на економијата, Ангелов рече дека нивните основните заложби се проблемите на полицијата, бранителите и Армијата да бидат решени во целост. Тој посочи дека по изборите треба да се организира попис за да се види состојбата со населението во државата, а остро се спротивстави на воведувањето двојазичност во државата.

Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски ги повика членовите на коалицијата ВМРО за Македонија на 11 декември да не се плашат и да излезат да гласаат за тие кои им нудат просперитет во државата. 

– Како автентични вмровци сакаме да не води Љубчо Георгиевски се со цел да го вратиме ВМРО на вас и да ја вратиме Македонија на Македонците, затоа што ние знаеме за каква Македонија се бориме, рече Бошковски.

Претседателот на ВМРО Народна партија, Љубчо Георгиевски пред кочанчани зборуваше за успесите што ги направила неговата партија во времето кога тие биле на власт, а најави и сет мерки за граѓаните. Посочи дека нудат либерализација на македонските фирми.

– Наплатата на ДДВ да се врши по наплатата на фактурите, а купувањето на автомобили да биде без ДДВ, рече Георгиевски.

Тој се осврна и на просперитетот на македонските села, при што истакна дека секое село според нивниот проект, треба да биде општина, проект кој постои во цела Европа и дава одредени резултати.

– Целта на нашата коалиција е да освоиме меѓу 15 и 25 пратеници за да добиеме контрола на левицата и десницата, да бидеме баланс во Парламентот. ВМРО за Македонија како коалиција е гордост за цела Македонија, додаде  Георгиевски. 

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада