Георгиевски: Цела Источна Македонија наликува на една голема пустина

Од:

Во Куманово се сме собрани сите, и левица и десница и центар, за да победиме на 24.март, порача лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски.

„20 години одиме на избори, и не се бира на локалните избори само градоначалник, но тие се секогаш можност за да се каже и односот кон централната власт. Ако 2 години се жалите, сега е време да го кажете тоа. Ако на 24.март не ја пратиме пораката, тогаш џабе ќе говориме колку ни е тешко“, рече Георгиевски.

Ние гледаме, рече две Македонии, една од рекламите, и друга, реална, сиромашна со огромен број невработени.

„Во реалната Македонија има најлоши услови за здравствени услуги. Не можам да разберам како сите градови не станаа да се побунат против проектот Скопје 2014. Во Македонија е најзагрижувачко големото иселување на младите од Македонија. Цела Источна Македонија наликува на една голема пустина“, рече Георгиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија