Георгиевска: Нов инвестициски циклус во вредност од 8 милијарди и 175 милиони евра

Од:

Во услови кога здравствената криза одминува следува голем инвестициски циклус, на десетици и десетици проекти. Интервентниот план за инвестиции – ИПИ 2021-2027 е јасен и одлучен чекор преку кој го трасираме патот на силен раст и развој на македонската економија рече на прес конференција пратенчката на СДСМ, Марија Георгиевска.

„Имаме сериозен план за инвестиции во десетици и десетици проекти во вредност од 8 милијарди и 175 милиони евра. Проекти има многу, ќе споменам само дел: Пречистителната станица во Скопје, проект вреден 136 милиони евра кој треба да стартува до крајот на оваа година. Над 70 милиони евра за проектот се грант од Европската Унија. Инвестиција на германски „Лидл“ во Скопје и уште во 7 други градови во вредноста од 300 милиони евра. На еколошки начин, во Неготино ќе се произведува струја од отпад, трајно се решава проблемот со отпадот за дури 48 општини. Инвестиција вредна 336 милиони евра. Скијачки центар Попова Шапка, во вредност од 100 милиони евра. Клиничкиот центар во Ѓорче Петров, проект вреден околу 500 милиони евра. Преку 2,7 милијарди евра инвестиции во железничката и патната инфраструктура во пеиорд од 2021-2027. И многу други“ – рече Георгиевска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?