За СДСМ одземањето на дозволата на А2 е доказ дека премиерот не може да поднесе критика и како што велат нема лице политички и демократски капацитет да овозможи слобода на медиуми.
„Со последниот потег на одземање на лиценцата на А2 покажа дека не сака Македонија да биде демократска земја а власта на мускули сака да затвори уште еден медиум“, изјави Гордан Георгиев од СДСМ.
„За одлуките, претседателот и мнозинството во СРД свесно ја преземаат одговорноста за спроведување на партиските одлуки на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Георгиев.