(ВИДЕО)Георгиев: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ посакуваат и предизвикуваат тензии и нестабилност

Од:

СДСМ реагира на , велат, сериозниот скандал, кога во кичевските села, ДУИ незаконски постави 30 метарски јарболи со албански знамиња, а Али Ахмети упати директна провокација до институциите на системот и до својот коалиционен партнер Груевски, дека никој не смее да ги симне.

Во истиот ден воРадуша, во попладневните часови, ДУИ постави и споменик на Аднан Јашари на  тенк на македонските оружени сили.

Ова според  СДСМ е политичка провокација која  ги предизвикува и заострува  меѓуетничките тензии во државата, за да им се додворат на своите гласачи пред изборите напролет.

Ова, велат,  е омилениот начин на владеење на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ. Тие посакуваат тензии и нестабилност, затоа што во такви услови најдобро ја маскираат својата неспособност да ја водат државата.

„Сакаме директно да ги прашаме г-нот Ахмети и г-нот Груевски, дали сте свесни, кој е исходот од ваквото Ваше неодговорно однесување и штетни политики?Со ваквите постапки, или ќе предизвикате нови меѓуетнички тензии или целосно ќе ја суспендирате правната држава и владеењето на правото?Не може, не е логично, владините коалициони партнери за сите други надлежности на Владата да функционираат перфектно, од тендери до министерски фотељи, а само за најчуствителното прашање, како меѓуетничките тензии да не можат да се разберат меѓу себе.Ова не е ништо друго, освен коцкање со иднината на земјата заради дневно политичките потреби на власта“, рече потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.

Ги повика  ВМРО ДПМНЕ и ДУИ да ја покажат истата сложност и соработка и за меѓуетничките односи, и пред да стане доцна да  седнат и да  најдат заедничко решение за сите чуствителни прашања и проблеми кои самите ги предизвикале, бидејќи стабилните меѓуетнички односи се еден од столбовите на македонската држава.

„Наместо да продаваат лажен соживот преку скапи рекламни спотови, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ конечно мора да престанат да креираат нови проблеми и да се посветат кон зачувување на добрите меѓуетнички односи“, рече Георгиев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија – исто како и неговиот шеф!

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна како „талогот“ и работи во координација со странски центри

(ВИДЕО) Борозан: Власта си игра со здравјето на луѓето – водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиење

СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија