Георгиев: Власта протестира против своите граѓани

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ ги активираше лажните здруженија кои ја исполнуваат зададената задача, се обидуваат да го задушат било кое автентично граѓанско организирање и јавно изразување револт.

Власта преку различни квази-иницијативи кои упорно ги создава, сака да ги направи граѓаните заложници на недемократските манири на Груевски и ВМРО ДПМНЕ“.

Ова го кажа потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев според кого “не е важно дали се работи за автентично незадоволство на лекарите, дали се работи за стечајците кои си ги бараат своите права, или пак за општото незадоволство од поскапувањата на струјата, бензините, храната, власта за сите автентични облици на незадоволство, организира контра-протести со кои ги понижува граѓаните“.

„Самите партиски активисти на „Изгор приватизација“ јавно во камера признаа дека се организирани од ВМРО ДПМНЕ и донесени со автобуси, притоа без точно да знаат за што протестираат.

Власта сеуште одбива да одговори на јавноста дали е точно дека на партиските активисти им дава по 500 денари дневница за да се појават на контра протести?

Дали денес партиските директори на ВМРО-ДПМНЕ во градинките и училиштата добија налог да ги притискаат своите вработени да појават на контра протестите“, праша Георгиев.

Тој кажа дека во Македонија повеќе протестираат партиски членови вработени од државата, против невработените и стечајците, директори и министри, организираат протести против синдикати, на крајот протестира власта, против сопствените граѓани.

„Оваа недемократска и тоталитарна карактеристика на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги надмина сите досега познати вакви примери во регионот, а на нивната упорност може да позавиди и режимот на Милошевиќ.

Контра протестите на измислените иницијативи треба да и овозможат на власта непречено да продолжи расипнички да ги троши народните пари, додека граѓаните едвај сврзуваат крај со крај во месецот.

Затоа, уште еднаш ги повикуваме граѓаните, да не дозволат власта да успее во своите намери, да ги узурпира основните демократски права кои се загарантирани со Устав“, рече Георгиев.

Би можело да ве интересира

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он