Георгиев: Власта ги искористи годишните одмори да протне повеќе поскапувања

Од:

Опозициката СДСМ ја обвинува власта дека нечесно ги искористила годишните одмори да спроведе што е можно повеќе поскапувања и непопуларни мерки и оти го одвлекувала вниманието на јавноста од проблемите со лустрацијата.

Потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев на прес-конференција меѓу другото се осврна на последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на парното греење за 3 проценти и на струјата за дури 10 проценти.

Георгиев упати критики и за, според него, пресметката на власта со Љубе Бошкоски, а оцени и дека макеоднската дипломатија доживеала ново деградирање со именувањето нам Даниела Караѓозоска за амбасадор во Загреб.

Додека сето ова се случуваше, македонската економија продолжи да тоне, а тоа најдобро се гледа од последните проекции на Народната банка, која повеќе не верува дека растот на БДП оваа година може да надмине еден процент, наведе Георгиев.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија