Георгиев: На граѓаните им е преку глава да живеат во страв

Од:

Партискиот врв на СДСМ е во велешко.

„Можам да изразам големо задоволство што имавме одличен прием меѓу граѓаните на овие села и овие општини. Ги слушнавме нивните проблеми, слушнавме една голема вистина дека на граѓаните веќе им е преку глава да живеат во страв. Преку глава им е цело време да седат дома и да ги слушаат неправдите што ги прави оваа власт. Од друга страна слушнавме многу идеи, многу предлози кои што ќе бидат основа на нашата локална изворна програма“, изјави потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.

„Следната недела одиме во Штип на иста ваква интензивна работа. После таа недела одиме во Куманово, целиот Јули ќе биде активен и СДСМ нема да запре со ова темпо се до почетокот на локалните избори“, вели Георгиев.

Вечерва на митинг во 20 часот на плоштадот, Аце Коцевски ќе биде промовиран за кандидат на СДСМ за Велес.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски