Георгиев: Кој ќе ги плати бронзата и постаментите на „донираните“ споменици

Од:

СДСМ реагира на поставување на три нови споменици, кои ќе ја потполнат сликата во центарот на Скопје, кој, велат, наликува на игротека.

„Овојпат, во смешен обид да го избегне гневот на граѓаните за безумното трошење на државни пари, власта ги претставува како донатори скулпторите кои веќе изработуваа споменици за мегаломанскиот проект „Скопје 2014“.

Тоа се истите инстант – уметници, за кои никој не беше слушнал додека ВМРО – ДПМНЕ не дојде на власт“, рече Гордан Георгиев.
Откако власта им додели милиони евра за хонорари на овие режимски градители, сега, вели Георгиев, тие ја имаат дрскоста да се преставуваат како донатори и мецени кои тргнуваат во исполнување на нивната мисија центарот на Скопје да го направат циркус.

СДСМ прашува каква ќе биде нивната донација, али тие го „подаруваат“ само нивниот уметнички труд, или ќе ја нарачаат и бронзата за спомениците, дали ќе учествуваат во изградбата на постаментите и кој ќе го плати леењето на овие споменици?

СДСМ ја повикува власта да се вразуми и да престане со, како што велат, силувањето на сопствениот народ.

„Сакаме и да ги предупредиме учесниците во овој криминален проект. Грабежот кој сега непречено го прават, а кој им го овозможуваат полугите на власта, еден ден целосно ќе биде разоткриен и секој кој се вмешал во тој криминал ќе биде соочен со правдата“, рече Георгиев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски