Георгиев: Кога има коалициско пазарање, институциите затајуваат

Од:

„Она што фрапира е безобразлукот кој власта го покажува со нивната манипулација на независноста на судот. Додека граѓаните за рочиште во судот, чекаат и по неколку месеци или година, министерот за здравство Тодоров си обезбеди рочиште за само два дена, на кое очекува уште побрза времена мерка од судот за стопирање на штрајкот“, рече на прес конференција потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.

Од друга страна вели, сведоци сме како институциите се однесуваат бавно, ја префрлаат одговорноста меѓу себе и во недоглед го одолговлекуваат спроведувањето на законот во Чаир.

„Веќе половина месец на училиштата во Чаир, незаконски се поставени табли со нови имиња, тргнати се бистите на македонските дејци, а се што можеме од институциите да слушнеме се нови и нови рокови, префрлање на одговорноста од една на друга институција, парични казни за директорите итн. Значи можеме да слушнеме сè, само не кој ќе го спроведе законот и кој ќе ги тргне незаконски поставените табли“, изјави Георгиев.

Очигледно е, вели, дека кога власта има политички интерес да се пресмета со некого, институциите работат со досега невидена брзина, прекршувајќи ги сите пракси на нивно функционирање, а кога имаат коалициско пазарање, тогаш институциите затајуваат, даваат рокови, одолговлекуваат и слично.

„Доколку во Македонија, навистина имаше демократско општество и владеење на правото, таблите на училиштата во Чаир досега ќе беа извадени, бистите ќе беа вратени, а прекршителите казнети.Од друга страна, министерот за здравство Тодоров наместо да ја троши целата своја енергија во формирање на паралелни синдикати и злоупотреба на институциите и судот за да го спречи штрајкот, ќе се потрудеше да седне на маса со лекарите и преку договор со нив ќе ја постигнеше својата цел“, рече Георгиев.

Би можело да ве интересира

Лефков: Или ќе се извинат за Артан Груби или СДСМ ќе докажат дека уште го штитат

СДСМ: Креариан е лажен профил на Венко Филипче на Фејсбук, граѓаните да не наседнуваат

СДСМ: Политиките со „кошнички“ се покажаа како целосно промашени

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да си ја гледа соработката со ДУИ и да каже зошто го пушти Груби да избега

СДСМ: Владата итно да обезбеди целосна рамноправност меѓу вработените во јавниот сектор

Левица: Историскиот криминал на СДС со „Бехтел и Енка“ ДПМНЕ ќе го реализира со бивши затвореници