Георгиев: Груевски и Ахмети се највиновни за хаосот, инцидентите и блокадите

Од:

СДСМ реагира на , како што велат,  вчерашното техничко и во основа лицемерно соопштение на владините партнери. Јавноста велат  очекуваше средба Груевски-Ахмети, но најмалку очекуваше само декларативни заложби без разврска за клучните проблеми.

„Најпрвин да му посакаме добредојде на премиерот Груевски, кој конечно се врати од долгата, ненајавена посета на САД. Две недели, Република Македонија делуваше како земја чиј државен врв е во егзил. Таквиот впечаток го засили и претседателот Иванов, кој очигледно нема право да изусти ниту збор во отсуство на премиерот, па остана сокриен во вилата на Водно.Со вчерашното соопштение, Груевски и Ахмети повикуваат да не се злоупотребуваат меѓуетничките односи од поединци или групации за дневно политички намени, притоа заборавајќи дека тие самите со однапред договорениот хаос и исфорсиран национализам, самите се најодговорни за актуелните проблеми“, рече Гордан Георгиев.

Во соопштението, потсетува СДСМ,  се вели: “Суверенитетот на Република Македонија е неприкосновен“. Додека Груевски беше на владина екскурзија премиерите на Албанија и Косово во Скопје го прославуваа албанското знаме без домаќини.

„Со ваквото бегство нашиот државен врв пропушти овој значаен јубилеј за Албанците да го искористи за унапредување на меѓуетничките односи и за внатрешно приближување на разликите и уште поважно премиерот свесно пропушти да го демонстрира и суверенитетот на Република Македонија, оставајќи ја државната територија на гостите од соседството, сами да прославуваат. Во соопштението владините партнери посочија дека “најголема одговорност во делот на меѓуетничките односи лежи во рацете на политичките елити, а особено на политичарите кои ја имаат добиено поголемата доверба од граѓаните“ вели Георгиев.

Став на СДСМ  е дека влошените меѓуетнички односи не се последица на некакво нетрпение меѓу Македонците и Албанците, туку се директна последица на договорен хаос и лажен патриотизам на владините партнери, кој се злоупотребува за затскривање на сиромаштијата, невработеноста и урнисаниот стандард.

„Во лицемерното соопштение се зборува за вредности, почитување, градење доверба, но за жал
нема ниту збор за скандалот во Слупчане, за блокираното собрание заради 15 илјади амандмани на ДУИ за Законот за бранители, незаконски преименуваните училишта, групирањето на етничките паралелки, итн.Тоа се серија инциденти, блокади и провокации кои под превезот на лажниот патриотизам владините партнери самите ги создадоа, кои сеуште траат, и за кои тие не понудија никакво решение“, изјави Геотгиев.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните